ПИЛЕШКИ БУРГЕРИ! Крцкав оброк кој не се одбива

Loading...

Ако сакате пилешко, овој крцкав бургер ќе биде вистинското решение за вас
Состојки:
пет лепчиња
црвен лук
зелена салата по ваш избор
пет листови кашкавал
малку мајонез
За бургери:
500 гр мелени батаци и карабатаци
две чешниња лук
половина главица кромид
две лажици доматно пире
половина лажичка лут пипер
една лажичка сушен магдонос
лажичка путер
сол, бибер
масло
Подготовка:
На путер пропржете ги ситно сечканите кромид и лук. Тргнете од оган, измешајте со сите зачини, а потоа со меленото месо.
Добро измешајте, па со раце направете плескавици. На загреано масло пропржете ги плескавиците од двете страни. Исечете ги лепчињата, а потоа намачкајте со малку мајонез на долниот дел од лебот, ставете ја салатата, прстените црвен кромид, плескавицата, кашкавалот, доматот и на крајот преклопете го другиот дел од лепчето.
Послужете со помфрит и салата.
На здравје!

loading...
Loading...