Пилешкото месо со три вида сирење кое се подготвува за 20 минути е непобедливо

За некои најубавиот ручек е оној кој содржи пилешко месо. Пилешко месо со три вида сирење е одличен избор доколку денес доцните со вашиот ручек, може да се направи само за 20 минути.
Ви гарантираме дека ништо друго не може да биде повкусно од пилешко месо во сос од три вида сирење.
Еве како да го подготвите со три различни сирења и тоа за кратко време.


Состојки:
– 400 грама пилешко филе;
– 250 грама павлака за готвење;
– 50 грама сирење горгонѕола;
– 50 грама моцарела сирење;
– 50 грама трапист сирење;
– 1 главица кромид;
– масло по потреба;
– бибер;
– сол;
– вегета.


Подготовка
Пилешкото месо исечете го на коцки. На загреано масло додадете го ситно исецканиот кромид кој малку ќе го издинстате и потоа додадете го месото. Мешајте и додадете зачини. Пред месото да биде готово, додадете ја павлаката за готвење и сирењата, но да бидат изрендани. Сето тоа измешајте го убаво.
Јадењето може да го сервирате со помфрит или пак некоја убава салата.