Пилешко во сос со печурки

Loading...

Пилешко во сос од печурки – идеална комбинација за денешниот ручек.
Потребни состојки:
1 пиле, исечкано на парчиња
4 лажици маслиново масло
1 главица кромид
50 г сланина
3 чешниња лук
2 лажички сечкан свеж босилек
2 парчиња ловоров лист
125 мл бело вино
150 мл пилешка супа
50 г несолени кикирики
Сол и бибер
Мелен црвен пипер
4 лажици брашно
8 поголеми шампињони


Начин на подготовка:
Исечкајте го пилешкото месо на парчиња. Насолете, додајте зачини и црвен пипер и оставете да отстои малку, а по желба може да додадете и лажичка сок од лимон.
Додека стои пилешкото, исечкајте кромид, лук, босилек и магдонос. Ситно исечкајте сланина, а шампоњоните исечкајте ги на парчиња. Во голема тава загрејте масло. Во чинија сипете брашно и секое парче месо извалкајте го во него и пржете го и од двете страни додека да добие убава боја.
Извадете го месото на чинија, во истото масло ставете ситно исечкан кромид и испржете сланина, додајте кромид, магдонос, шампињони, босилек, ловоров лист и вино, вратете го пилешкото во сосот, додајте пилешка супа и ситно исечкани кикирики.
Оставете го место на умерен оган околу 30 до 40 минути. Послужете со пире од компири или варен ориз.

loading...
Loading...