Пилешко со јаболка и кари: Необична и многу вкусна комбинација

Loading...

Се подготвува многу брзо и лесно, а кога еднаш ќе го пробате, ќе сакате повторно!
Пилешко со јаболка и кари: Необична и многу вкусна комбинација
Потребни состојки:
Три лажици путер (или маргарин)
Две помали главици кромид
Две помали јаболка
Три лажици брашно
Лажица кари во прав
Две пилешки гради (обескостени и исечени на филети)
250 мл пилешка супа
250 мл млеко
Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка


Загрејте ја рерната на 175 степени.
Во подлабоко тавче ставете го путерот или маргаринот да се растопи, па додајте го исечканиот кромид и јаболката исечкани на коцки. Пропржете кратко, додајте го карито и пржете уште околу една минута на не многу силен оган. Додајте го брашното, оставете да се крчка околу една минута, па додаjте ги супата и млекото и добро измешајте.
Месото исечено на филети посолете го и ставете му бибер по вкус, па наредете го во подмачкан плех. Одозгора налејте го сосот со кари и јаболка и печете 45-50 минути.
Уживајте!

loading...