Пипа Мидлтон стана колумнистка на весник на британски супермаркет

Loading...

Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ (Кетрин Мидлтон) и свеска на принцот Вилија, потпишала договор со списание на британскиот синџир на супермаркети „Waitrose” во кој ќе пишува колумна со кулинарски совети.

 Дваесет идеветгодишната Пипа Мидлтон за месечникот Waitrose Kitchen ќе ја пишува колумната со наслов „Pippa's Friday Night Feasts” (Гозбите во петок навечер на Пипа).
„Ова е извонредна моќност со читателите да ја споделам својата страст и ентузијазмот кон готвењето. Одвај чекам да започнам со првата колумна”, рекла популарната Пипа, на која редовно ѝ посветуваат внимание британските медиуми.
Минатата година ја објави книгата „Celebrate” која претставува своевиден водич за организирање семејни забави во текот на годината во кој ги изнесе сопствените искуства. Критиката ја „закопа” оваа книга, а имајќи предвид дека многу лошо се продаваше, во британските книжарници релативно брзо почнаа да ја нудат со попуст.
Уредникот на списанието Waitrose Kitchen, Вилијам Ситвел многу ја фали Пипа Мидлтон и се надева на нејзиниот голем придонес за месечникот. Првата колумна ќе се појави во априлското издание.
Макфакс
Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ (Кетрин Мидлтон) и свеска на принцот Вилија, потпишала договор со спис

loading...