Пиперките со мед се вистинска рапсодија на вкусови

Ако немате ништо против комбинирањето на вкусови и сакате да експериментирате, тогаш оваа зимница ќе ви се допадне.
Ќе ви бидат потребни 5 до 7 килограми пиперки, а за останатото следете ги наведените чекори.
За течноста:
3 l вода
½ l јаболков оцет (со 4% оцетна киселина)
150 gr шеќер
250 gr сол
200 gr мед
1 кесичка пиперки
Ќе ви треба уште и:
сечкан магдонос
сечкан лук
Подготовка:
Измијте ги и исчистете ги пиперките од дршките и семето. Во сад ставете 3 литри вода, пола литар оцет, сол, шеќер, мед и пиперки. Ставете на оган за да зоврие течноста, додавајте ги пиперкате само колку малку да обарат. Вадете ги пиперките во тегла, посипете го секој ред со сечкани лисја од магдонос и сечкан лук. Кога ќе ја наполните теглата со пиперки, притиснете ги со пластична решетка и потоа дополнете со врела течност во која ги обарувавте пиперките. Веднаш затворете ја врелата тегла. Кога ќе ги наполните теглите со пиперки и ќе ги затворите, покријте ги со нешто додека не се изладат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.