Писториус официјално обвинет за убиство

Loading...

Јужноамериканскиот спринтер Оскар Писториус и официјално е обвинет за убиство со предумисла, откако, во четвртокот, со четири куршуми ја застрелал својата девојка, 29-годишната Рива Стенкамп.

Писториус, во вторникот по вторпат се појави пред судот, каде биле изнесени нови детали за смртта на Стенкамп. Во истовреме кога Писториус го давал исказот, во Порт Елизабет била кремирана Рива Стенкамп. Обвинителството и одбраната се сложиле дека Писториус ја убил девојката со три куршума, кои ја пробиле врата на бањата, но одбраната ги отфрли тврдењата на обвинителството дека се работи за убиство со предумисла. Одбраната ќе бара параолимпиецот да се брани од слобода бидејќи „не бил сакан за опшетвото“, додека полицијата и обвинителството веднаш најавија дека ќе се спротистават тој да се брани од слобода. Како што пренесуваат агенциите, Писториус повторно плачел во судницата, додека обвинителот Гери Нел говорел за деталите од кобната ноќ. Според верзијата на обвинителството, Писториус ги ставил своите протези, минал седум метри, пукал четири пати, од кои три куршума ја погодиле Стенкамп. Потоа, атлетичарот ја разбил вратата од купатилото и мртвата девојка ја пренел на долниот кат. Одбраната на Писториус, сугерирала дека тој ја разбил вратата од бањата за да и’ помогне на Стенкамп. „Ова дури не е ниту убиство. Верувавме дека обвинителството ќе направи приказна за конфликт меѓу нив двајца, бидејќи имале проблеми во врската, таа на пријателите им кажала дека повеќе не го сака“, рекол адвокатот на Писториус, по што обвинителот додал дека смета оти на убиството му претходела расправија во куќата. Писториус не ја дал својата верзија на настаните, а како што пренесуваат медиумите тоа би можело да се случи во текот на денот. Инаку, според истите извори, тој цело време во рацете држи парче хартија на која има нешто напишано.
Макфакс
Јужноамериканскиот спринтер Оскар Писториус и официјално е обвинет за убиство со предумисла, о

loading...