Пита со КАШКАВАЛ која се подготвува за еден час!

Loading...

Овој рецепт е совршен за ужинка, а може да се послужи и како брза вечера или ручек.
Состојки:
2 јајца
150 гр брашно
1 прашок за пециво
50 гр гриз
50 гр кашкавал исечен на коцки
2 лажици рендан кашкавал
100 мл јогурт
50 мл млеко
1 млад кромид
лист од јаглика
сол по желба
сусам


Подготовка:
Скршете ги јајцата, додадете брашното со гризот и прашокот за пециво. Додадете кашкавал исечкан на коцки и рендан кашкавал. Соединете.
Додадете јогурт, млеко, сецкан кромид, лист од јаглика и малку сол. Добро промешајте и истурете во подмачкана тава. Израмнете и посипете сусам. Печете на 200 степени С околу 50-60 минути, да се испече добро. Послужете топло.

loading...
Loading...