Пита со мелено месо и пиперки

Loading...

За тесто
100 мл јогурт
1 пециво
50 гр маргарин
1 лажиче сол
1 јајце
400 гр брашно
За фил
300гр мелено месо
2 пиперки црвени благи
1 кромид
За прелив
3 јајца
200 гр кисела павлака

За тесто
Во брашното додајте маргарин, јајце, јогурт, сол и замесете тесто. Оставете го 30 минути во фриждер.
За фил
Кромидот испржете го, додајте сечена пиперка, и мелено месо. Подсолете, додајте црн пипер и зачини.
Тесто разсукајте ставете го во тепсија,врз тесто ставете фил од мелено месо, и прелијте со прелив.
Печете во загреана рерна на 200 степени около 40 минути.
Готова пита сечете на коцки и послужете во чинија.
Добар апетит!

loading...