Пита со чоколадо и карамела

Не пропуштајте го нашиот денешен предлог за пита со чоколадо и карамел за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото ваше семејство!

Потребни состојки:
Тесто:
115 грама путер
70 грама шеќер во прав
25 грама какао
1 жолчка
3/4 лажичка екстракт од ванила
170 грама брашно
Карамел фил:
400 грама шеќер
120 милилитри вода
85 грама сируп од пченка
115 грама путер
170 грама павлака за готвење без шеќер
прстофат сол
Глазура:
100 грама темно чоколадо (70 до 85% какао)
170 грама павлака за готвење без шеќер
прстофат сол

Пита со чоколадо и карамела

Начин на подготовка:

Во сад со електричен миксер измешајте ги путерот, шеќерот и какаото. Мешајте сè додека смесата не се изедначи. Додадете ја жолчката и ванилата и мешајте додека не се соединат.

Во смесата за тесто додадете го брашното. Мешајте на мала брзина додека не се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата во калапот. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

Подгответе го филот со карамел. Во големо тенџере ставете ги шеќерот, водата и сирупот од пченка да зовријат. Повремено мешајте додека смесата не добие средна килибарна боја, околу 12 минути. Тргнете го тенџерето од оган. Карамелот ќе продолжи да потемнува. Внимателно, но брзо измешајте ги путерот, павлаката, кремот и солта за да добиете мазна смеса. Топлата карамела прелијте ја врз испечената кора и оставете го колачот да се излади (најмалку 1 час).

Пронајдете не на следниве мрежи: