Пита со јаболка и суво овошје

Фантастична комбинација од јаболка, суво овошје, бадеми, лешници и ореви.
Состојки:
500 гр. кори за пита
500 гр. шеќер
Сок од 1 лимон
100 гр. суво грозје
200 гр. мешавина од ореви, лешници и бадеми
1 јаболка
50 гр. суви кајсии
50 гр. суви сливи
1 чаша рум
Масло


Начин на подготовка:
Во водата додајте шеќер и варете на тивок оган за да направите густ сируп.
Пред крајот на готвењето, додајте сок од лимон. Лешниците, бадемите и оревите смелете ги или исекајте ги ситно. Сувото грозје потопете го во рум, а сувите сливи во млака вода.
Исецкајте ги кајсиите и јаболката. Сувите сливи исцедете ги од водата, извадете им ги семките и исецкајте ги на ситни парчиња. Корите за пита редете ги една по една во кружно тавче, прелијте ги со шеќер и посипете со подготвеното овошје.
На горната кора наредете го овошјето, прелијте со сируп од шеќер и печете во загреана рерна. Водете сметка за да не ја препечете питата, туку да остане сочна.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.