Пита со јаболка

Loading...

Потребни состојки:
650 г брашно
150 г шеќер
250 г путер
200 мл хопла
2 јајца
1 прашок за печиво
1 и пол кг јаболка
4 лажици гриз
150 г шеќер
Цимет
Начин на подготовка:
Промешајте 2/3 од брашното со останатите состојки за кората, а остатокот од брашното постепено додавајте го во тестото.
Направете меко тесто, ставете го во подлабок сад и оставете го во замрзнувач 1 час.
Додека тестото е во замрзнувач, промешајте рендани јаболка, шеќер, гриз и цимет. Ако јаболката се благи ставете помалку шеќер.
Поделете го тестото на два еднакви дела.
Првиот дел ставете го во тавата за печење на дното. Одозгора ставете јаболка и врз нив другиот дел кој исто така треба да биде до рабовите на тавата, а со вилушка прободете ја горната кора. Печете на 180 степени околу 35-40 минути. Исечете ја откако ќе се излади.

loading...
Loading...