Пијалок за зајакнување на имунитетот

Loading...

Имунитетот е исклучително важен за здравјето на луѓето, особено за време на пандемија. Добрата работа е што може да се подобри со помош на едноставни состојки. Овој пијалок можете да го консумирате секојдневно, а ќе го направите за само неколку минути.
Рецептот го објави Шерил Малик на нејзината веб-страница 40 aprons. Освен што е вкусен, пијалокот може да помогне и во лекување на настинка.
Малик, исто така, напоменува дека информациите од нејзините објави не треба да се користат за дијагностицирање, лекување или спречување на какво било заболување. Советува консултација со лекар.
Потребни состојки:
лажица органски јаболков оцет
лажица свежо рендан ѓумбир
лажица топла вода
исцеден лимон
исцеден портокал
малку бибер од кајен
1-2 чешниња лук
1/4 лажица куркума
морска сол
лажица мед

Рецепт во само три чекори
Би било добро да имате преса за лук со која ќе можете да го исечкате. Се разбира, можете да го исечкате и на стандарден начин. Оставете го да отстои 10 минути за да се формираат ензими.
Измешајте мед, куркума и топла вода додека смесата не се соедини.
Измешајте ги сите други состојки.
Иако храната е најдобра кога е свежа, можете да го подготвите пијалокот порано и да го чувате во фрижидер два или три дена.

loading...
Loading...