План за „работничка диета“ со која се губат 7 килограми за 1 недела

ГМ или работничка диета е осмислена од една успешна американска компанија уште во 1985 година, со цел да им помогне на вработените да изгубат тежина и со тоа да бидат поздрави.
Во тоа време била популарна како и диета со зелка, а планот на исхраната се засновал на фактот дека некое лице внесува помалку калории во текот на денот отколку што му треба, што предизвикува топење на вишокот на телесни масти.
Како изгледа работничка диета?
Прв ден
На самиот почеток на диетата можете да јадете кое било друго овошје, освен банани. Не постојат ограничувања во количината, можете слободно да јадете колку што е можно повеќе овошје.
Втор ден
Наместо овошје, јадете зеленчук, без оглед дали е варен или суров, нема ограничувања. За појадок можете да јадете печен компир, а по желба можете да додадете путер.


Ова ќе му даде на вашето тело потребни јаглени хидрати и енергија, а зеленчукот ќе му обезбеди на вашето тело доволно хранливи материи и растителни влакна.
Трет ден
Покрај бананите и компирите, третиот ден можете да ги јадете сите мешавини од овошје и зеленчук, без ограничување на видот и количината. Компирот не ви е потребен, затоа што ќе добиете јаглени хидрати од овошјето.
Во оваа фаза телото е подготвено да согори вишок килограми.
Четврти ден
Банани и млеко – Можете да јадете до 8 банани, да пиете 3 чаши млеко и да јадете супа колку што сакате. Бананите се важни затоа го враќаат натриумот и калиумот, што телото го изгуби во претходните три дена.
Петти ден
Ден на говедско месо и домати – Можете да јадете домати (6 парчиња) и две порции од 300 грама говедско месо. Не мора да го јадете целото месо, јадете онолку колку што сакате, додека треба да ги изедете сите домати.
Во текот на денот треба да го зголемите внесот на водата за дополнителни 2 чаши. Месото ќе му обезбеди на вашето тело железо и протеини, а доматите влакна.


Шести ден
И на шестиот ден можете да јадете говедско месо, но доматите ги менувате со мешавина од зеленчук по избор. Можете да јадете зеленчук онолку колку што сакате, како и говедското месо (2 порции од 300 грама).
Овој ден ќе ја видите разликата во изгледот.
Седми ден
Последниот ден можете да јадете кафеав ориз, овошен сок и зеленчук, без никакви ограничувања.
Забелешка:
Пијте 6 до 8 чаши вода на секои седум дена и јадете супа (супа се јаде без ограничување).

Loading...