Платеници на картелите се снимале себе си како убиваат 4 полицајци

Внимание видеото содржи насилие и убиства.

Во видеото, очигледно направено од страна на напаѓачите, најмалку седум вооружени мажи чекаат во шумата пред да отворат оган со автоматско оружје врз државното полициско SUV во Мексико, според Ел Универзал .

Престрелката се случила на 28 октомври во Almoloya de Alquisiras, општина на околу 85 милји југозападно од Мексико Сити. “Sicarios” или платените убијци, се членови на “Фамилија Мичоакана”, според Ел Универзал, која објави моделирана верзија на видеата на YouTube.

Севкупно, престрелката трае повеќе од 55 секунди. Четири офицери беа убиени во заседа, додека петиот за чудо преживеал. Полицијата соопшти дека уапсила еден од напаѓачите и дека видеото е дел од доказите против него. Властите испитуваат како видеото е објавено на интернет.