“Плачете, а потоа “растурете”: Познатите дами проговориле за неуспесите во своите животи

Loading...

Ако никогаш не сте доживеале неуспех и никогаш не сте “паднале”, како тогаш знаете дека сте успешни во нешто?
Истражувањата покажуваат дека жените се почесто и поостро осудувани поради своите грешки отколку мажите, вели Линда Крамер Џенинг, автор на текстот “За да успеат, жените прво мора да научат што е тоа неуспех” за “Thrive Global”.
Тоа чувство дека неуспехот е моќен аспект на успехот го почувствувале на своја кожа и овие успешни жени лидери. Кога и да ви е потребно да се потсетите на тоа како да го прифатите неуспехот и да бидете посилни и поупорни, прочитајте ги овие мудри совети на успешни жени, од Опра Винфри до Лејди Гага.
Опра Винфри: “Мораш да се сопнеш”


“Без оглед на тоа колку сте високо, вие ќе се “сопнете” во некој момент. Ако постојано се “буткате себеси напред”, предвидено е дека ќе паднете во некој момент. И кога ќе ви се случи тоа, сакам да го запомните следното: неуспехот не постои. Неуспехот значи дека нашиот живот нѐ насочува во друг правец”, изјавила Опра за “Thrive Global”.


Џ. К. Роулинг: “Неуспехот ја насочи мојата енергија кон она што е важно”
Неуспехот може да ве одведе до животниот пат кој ве исполнува повеќе од оној првобитен кој вие сте го замислиле. Така и Џ. К. Роулинг ја насочила сета своја енергија по падовите за да го заврши својот роман.


Бијонсе: “Никогаш не сте премногу добри за да изгубите”
“Без оглед на тоа колку сте добри во тоа што го правите, колку сте големи, паметни, секогаш може да изгубите – тоа се случува. И се случува кога треба да се случи и вие мора да ги прифатите тие работи”, изјавила Бијонсе.


Винтур: “Секој треба да биде отпуштен барем еднаш во животот”
“Секој треба да биде отпуштен барем еднаш во својата кариера бидејќи совршенството не постои. Важно е да наидувате на препреки бидејќи тоа е реалноста во животот”, рекла Винтур за нејзината книга “Победници: И како тие успеваат” во 2015 година.
Лејди Гага: “Плачете, а потоа “растурете”


“Еден ден плачев на каучот во домот на мојата баба. Таа ми рече дека ќе ме остави да се исплачам до крајот на денот, а потоа морам да престанам да плачам и да почнам да “растурам” понатаму”, изјавила Лејди Гага за “MTV” во 2011 година.

loading...