Племето Каро има околу 2000 припадници, што го прави едно од најмалите племиња во долината на реката Омо, а можеби и во цела Етиопија. Сепак, други побројни племиња немаат толку стручни лица за сликарство и украсување на телото. Ова племе е посебно по својот дизајн на облека, а убавината е многу важен аспект од нивната култура. Толку важна што тие се подготвени да трпат голема болка за да бидат што е можно по уникатни. Покрај цртање на телото, членовите од племето намерно прават лузни на кожата, а за тоа имаат посебна техника. По сечењето на кожата, ставаат пепел во раната, така што раната ќе зарасне неправилно и ќе добие необична форма.

Племе кое поради убавина трпи големи болки, но никој од нив не сака да се откаже од суровата традиција
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...