Побарана одговорност од Мицковски за изборниот пораз и свикување на Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Loading...

Побарана одговорност од Мицковски за изборниот пораз

Еве го интегралниот текст кој беше пратен до медиумите денеска по тој повод:

Почитувани,

ВМРО -ДПМНЕ е победничка партија.

ВМРО -ДПМНЕ има и сила и знаење и капацитет да ја врати довербата на граѓаните, затоа што граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е бастионот кој секогаш бил на браникот на државните интереси.

ВМРО -ДПМНЕ има кадри и потенцијал кој може да понуди алтернатива и да го запре економскиот пустош кој три години ја коси Македонија.

Старо-новата коалиција на Зоран Заев не е никаква гаранција дека граѓаните ќе живеат подобро. Напротив, оваа власт ниту може подобро, ниту знае подобро.

За жал, на оваа власт некој и овозможи таков луксуз да победи и да формира Влада.

Тука не мислиме на оние 327 000 наши сограѓани кои гласаа за Зоран Заев. Тие не се виновни. Не се виновни ниту оние стотици илјади кои останаа дома и одлучија да апстинираат.

Виновен е оној што можеше, требаше и мораше да понуди сериозни, препознатливи политики кои ќе ги сплотат и привлечат граѓаните.

Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби наместо да ги обедини силите.

Виновен е тој што не успеа да изгради и да заземе цврст став по ниту едно прашање.

Одговорност за неуспесите мора да има !

Кога еден тим губи, не може да биде одговорна публиката, играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните.

Одговорен е тој што го води тимот, а тимот на ВМРО -ДПМНЕ го водеше Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници.

ВМРО -ДПМНЕ со Мицковски како Претседател ги загуби Претседателските избори одржани во 2019 година, а ги загуби и локалните избори во Охрид и Ново Село. Ги загуби, а наместо одговорност бевме сведоци на апсурдни оправдувања, несериозност и неработење.

ВМРО -ДПМНЕ со Мицковски како Претседател и кандидат за Премиер на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицковски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе им покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени.

Вината повторно може да се префрла, но вистината е една. Вистината е дека е најодговорен тој што го состави тимот, а тоа е Христијан Мицковски.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...