Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ ја сними Марија во костим за капење, во базен – сцената е хит!

Марија е на одмор со своите кандидати од музичкиот натпревар
Поп-sвездата Марија Шерифовиќ е снимена во базен, во бикини, од победникот на Ѕвездите на Гранд, Махир Мулалиќ, а кадрите се полн погодок.
Марија ужива на одмор со своите кандидати, на кои им беше менторка во шоуто, а Махир ја снимаше пејачката додека пливаше во базенот.
Лежи потпрена на работ од базенот, тресејќи ја главата во ритамот на музиката, а кога го виде Махир како ја снима, мавташе кон камерата, па се врати на своето уживање.
– Шеки во бања по Ѕвездите на Гранд – напиша Махир со видеото кое е апсолутен хит на социјалните мрежи.


„Плачам од смеа, каква царица!“, „Тоа е вистински ментор, вистински пример за младите“, „Марија ми го направи денот подобар“, „Сите сме малку како Шеки во бања“ , се дел од коментарите.
Покрај Махир, според она што го видовме на снимките, Кристиња Тодоровиќ е со Марија, како и победничката на популарното музичко натпреварување минатата сезона, Џејла Рамовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.