Повеќето луѓе ја прават оваа грешка! Млекото не треба да се чува на овој начин

Повеќето луѓе го чуваат млекото на вратата од фрижидерот, но експертите објаснуваат зошто не треба да се чува таму.
„Преградите на вратите се потопли од останатиот дел од фрижидерот“, вели Крис Бисли од „Smart Cover“, кој советува млекото да се чува на полицата.
Освен тоа, додава тој, сосовите и зачините имаат многу подолг рок на траење од млекото и затоа се попогодни за складирање на вратата.


„Зачините и сосовите обично имаат долг рок на траење и немаат потреба од многу ниски температури, така што ќе траат долго на вратата или на горната полица“, објаснува тој.
Со овие совети, експертот нагласува дека фрижидерите не треба да се преполнуваат бидејќи преполнувањето со храна може да ја спречи правилната циркулација на воздухот, што значи дека некои производи нема да го добијат студениот воздух што им е потребен.
„Редењето храна ќе спречи воздухот да циркулира меѓу нив, па фрижидерот ќе мора да работи повеќе и храната побрзо ќе се расипува“, заклучува тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.