Повеќе загинати во напад на логор на ирански бегалци во Ирак

Loading...

Неколку лица загинале во саботата наутро во гранатирање на бегалски логор на иранската опозициска група неделеку од ирачкиот главен град Багдад.

 
Во минофрлачки напад врз логор на иранската опозициска група Муџахедин-е-Калк (МЕК) „загинаа и ранети се одреден број луѓе” изјави за AFP, Елина Наба, портпаролка на канцеларијата на Обединетите нации во Багдад. Додала дека неколку ирачки полицајци се ранети во нападот.
Според челник на ирачкото министерство за внатрешни работи кој сакал да остане анонимен, во нападот загинале пет лица а четириесетина биле ранети. Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот.
Иранската опозиција во егзил истакна во своето соопштение дека во овој напад загинале шест лица.
Припадниците на иранската опозиција во Ирак минатата година од логорот Ашраф се преместени во Хурија во близината на ирачката престолнина.
Овие бегалци, припадници на организацијата Муџахедин-е-Калк, дојдоа во Ирак во време на иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година со помош на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, од каде водеа вооружени напади врз Иран.
Со договорот од 25-ти декември 2011 година што го склучија Иран и ОН, ирачката влада околу три илјади бегалци од Ашраф мораше да ги префрли во Хурија, која е последната станица пред да бидат вратени во нивните домови.
Макфакс
Неколку лица загинале во саботата наутро во гранатирање на бегалски логор на иранската опозициска група неделеку од ирачкио

loading...
Loading...