Повик за креативци и гејмери до 18 години за концепт за видео игра

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ  во
рамките на проектот „Видео игротека“ распишува повик за концепт за видео игра на тема
„Заштита на животната средина“ за деца и млади на возраст од 7 до 18 години. Целта е да се
обрне внимание на бројните еколошки проблеми и енормната потреба од заштитата на
животната средина, а воедно децата и младите да се поттикнат да ги користат новите
технологии на креативен начин.
Сите заинтересирани ќе треба да смислат концепт за видео игра, и тоа децата на
возраст од 7 до 12 години да приложат идеја и цртеж, а младите на возраст од 13 до 18
години да приложат концепт и 2Д/3Д цртеж (концепт арт или дизајн) за играта. Идеите
ќе ги оценува стручно жири составено од програмери, гејмери, професори, а најдобриот
концепт ќе добие награда.
Цел на проектот е да се промовира етички однос кон природата и ќе го потенцира овој
проблем како многу битен и клучен за развој нa здраво општество и земја. Видео игрите
кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на
општествената свест кај младите. Идејата е и младите да се запознааат со креативните
можности кои ги нуди еден од најбрзо растечките нови медиуми, а тоа се видео игрите.
Право да учествуваат на овој повик имаат тимови и индивидуалци кои можат да аплицираат
најмногу со по два концепти за видео игри.
Предлозите за игрите да се испраќаат на [email protected]  најдоцна до 31 мај 2022.
Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ – Скопје,
како единствена организација од овој вид во државата (која вклучува различни асоцијации од
областа на креативните индустрии) посветена на унапредување и развој на сите сегменти на
креативните индустрии. Проектот „Видео игротека“ е поддржан од Министерството за култура и
Делегацијата на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.