Повкусна и од руската, а има помалку состојки: Облак салатата ќе биде совршен додаток на секоја празнична трпеза

Оваа салата е слична на традиционалната мимоза салата, само е малку попикантна и покремаста.
Сите домаќинки воочи Велигден подготвуваат вкусни оброци со кои сакаат да ги восхитат своите семејства и пријатели.


Состојки:

  • 400 грама пилешко месо;
  • 4 јајца;
  • 3 компири;
  • 1-2 пакување зденка;
  • Млад кромид;
  • 5 лажици мајонез
  • Сол, бибер.
    Подготовка:
    Сварете ги компирите и јајцата, па одвојте ги белките од жолчките. Изрендајте го компирот, како и јајцата. Во калап распоредете го компирот, па ставете 2 лажици мајонез, сечкано пилешко месо, па потоа 1 лажица мајонез, ситно сечкан млад кромид, 1 лажица мајонез, па рендани жолчки, 1 лажица мајонез, рендани белки од јајца, 1 лажица мајонез и на крај рендана зденка.
    Ставете ја салатата неколку часа во фрижидер, а потоа уживајте во нејзиниот вкус.
    Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи: