Повлечени 500 МРП вакцини, дали е на повидок нов скандал?

Не 67 вакцини, колку што беше првично објавената бројка, туку 500 вакцини МРП  со погрешни декларации се пронајдени и повлечени од 11 вакцинални пункта во земјата, потврди Агенција за лекови и помошни медицински средства на Р.Македонија-МАЛМЕД , се вели во најновите добиени информации.
Во Министерството за здравство одржан е итен состанок, на кој се очекува да биде решено, меѓу другото, и какви казнени мерки ќе бидат преземени против компанијата „Македонија лек“, каде биле залепени погрешните декларации на вакцините, кои во услови на прогласена епидемија на мали сипаници почнаа забрзано да се трошат.Надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит МРП се со добар рок до јуни и јули 2019. година.
– Ги повлекуваме сите 500 вакцини од вкупно 11 вакцинални пункта во земјата со погрешни декларации напишани на македонски јазик, а сите уште еднаш ќе се пребројат и во Министерството за здравство. Станува збор за погрешни лепенки на 1,7 отсто од вкупната количина вакцини кои биле дистрибуирани во здравствените домови. А ќе се проверува и дали со дел од овие вакцини биле вакцинирани некои од децата. Сите вакцини се со добар квалитет и безбедни, но фирмата која ја направи грешката треба да плати глоба, ќе утврдиме колку таа ќе изнесува. Без сомнение, направена е грешка и треба да се казнат – изјавија неофицијално од МАЛМЕД.

 

Loading...