Поворката со телото на Чавез се движи низ улиците на Каракас

Loading...

 Поворката со телото на починатиот венецуелски претседател Уго Чавез започна во средата наутро по локално време да се движи низ улиците на престолнината Каракас за ковчегот со останките на шефот на државата да биде префрлен од воената болница во Воената академија, каде што ќе се одвива збогувањето со Команданте, пренесува државната телевизија.На излезот од воената болница во Каракас, на Уго Чавез му биле оддадени последните  почести, интонирана била националната химна и отслужена куса католичката богослужба.Телото по целиот пат е придружувано од двете ќерки на Чавез – Марија Габриел и Роса Инес. По улиците на престолнината излезени се илјадници луѓе дојдени да го поздрават Чавез на неговото последно патување.Ковчегот со телото на претседателот ќе бидат поставено во една од салите на Воената академија на Венецуела. Простувањето на граѓаните со Чавез ќе се одвива следните три дена, до петок. Последниот ден од Чавез ќе се простат државните челници, меѓу кои учество ќе земат и официјални делегации од повеќе земји.Во меѓувреме, дел од венецуелските вооружени сили се распоредени низ целата земја за да се обезбеди сигурноста и безбедноста на граѓаните, соопшти началникот на стратешката команда на Венецуела, Вилмер Бариентос. „Ги презедовме сите неопходни мерки до последниот агол на границата“, соопшти армијата.Во самиот Каракас се распоредени специјалните безбедносни сили коишто спроведуваат специјална операција во насока на обезбедување на безбедното одвивање на погребот на претседателот.Властите објавија седумдневна жалост во земјата по повод на Чавез кој ноќта во вторникот ја загуби двегодишната борба со ракот. Сите јавни објекти ќе бидат затворени од 6-ти до 8-и март.Во Каракас веќе пристигна претседатели на Аргентина, Боливија и Уругвај коишто ќе земаат учество во церемониите на простување од Уго Чавез.
Макфакс Поворката со телото на починатиот венецуелски претседател Уго Чавез започна во средата наутро по локално в

loading...
Loading...