Повторно експлозија во северниот дел на Косовска Митровица

Loading...

Во северниот дел на Косовска Митровица, утрово околу 1.20 часот, се случи нова експлозија во која нема повредени, но е причинета материјална штета.

Експлозивната направа била поставена покрај мотелот „Бели двор”, во северниот дел на Митровица, спроти Ректоратот на приштинскиот универзитет и Филозофскиот факултет.
 Од јачината на детонацијата искршени се стаклата на мотелот и на блиската станбена зграда.
 Припадниците на косовската полиција со жолта лента го обележале местото на детонацијата, каде во текот на денот ќе биде извршен увид од специјализирани екипи.
 На местото на настанот дојдоа војници на КФОР и на ЕУЛЕКС.
 Мотивот за уште една во низата бомбашки напади останува непознат, а во Косовска Митровица во претходните три месеци се случија околу 30 слични инциденти.
 Најсериозниот напад се случи на почетокот на февруари во населбата Бошњачко маало, кога во експлозија на бомба беа повредени две деца.
Макфакс
Во северниот дел на Косовска Митровица, утрово околу 1.20 часот, се случи нова експлозија во која нема повредени, но е

loading...