Повторно нови цени на бензините. РКЕ ги зголеми сите цени. Постигнат е нов рекорд

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 %, при што бензините поскапуваат за 1,5 денари/литар, а дизелот за три денар.

Ова се новите цени што ќе ве чекаат на пумпите од утре.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.