Повторно поскапуваат бензините, четврти пат во 5 дена. Вакво нешто никогаш немало досега

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 отсто.

Повторно поскапуваат бензините, четврти пат во 5 дена

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на „еуросупер БС-98“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар. Цената на дизелот не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за три денари и од утре ќе се продава за 98,5 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.