Повторно се влоши здравјето на венецуелскиот претседател Чавез

Loading...

Здравствената состојба на венецуелскиот претседател Уго Чавез кој боледува од карцином, повторно се влошило по новата тешка инфекција на дишните патишта и неговото здравје е тешко, објави во понеделникот навечер владата во Каракас.

 
„Влошувањето на респираторната функција е поврзана со намалувањето на имунитетот, својствено за неговата клиничка состојба.”, изјави министерот за комуникации Ернесто Виљегас, кој го прочита соопштението за медиумите во понеделникот доцна навечер од воената болница во Каракас, каде што е хоспитализиран претседателот Уго Чавез. Виљегас додале дека Чавез сега има нова и тешка инфекција.
Хуго Чавез на 18-ти февруари беше веднаш хоспитализиран во воената болница во Каракас по неговото ненадејно враќање од кубанската престолнина Хавана каде што се лекуваше повеќе од два месеца, каде што во декември беше четврти пат опериран од карцином кој му беше дијагностицира во јуни 2010 година во регионот на карлицата.
Венецуелскиот претседател многу силна хемотерапија и е подвргнат на други третмани, соопшти министерот за комуникации Виљегас и додал дека неговата ситуација е натаму е многу сериозна.
Педесет иосум годишниот Чавез кој е на власт во Венецуела од 1999 година, диши со помош на канила откако му е извршена трахеоктомија, поради респораторните компликации по четвртата операција на 11-ти декември на Куба. Тој исто така тешко зборува, наведува владата во соопштението.
По последниот медицински извештај од пред 11 дена дека неговата здравствена ситуација е загрижувачка, меѓутоа владата во Какракас е упорна дека пациентот управува и натаму со земјата којашто располага со најголемите резерви нафта во светот, не успева да ги стиши слуховите .
Министерот Виљегас повторно ги обвини „странските лаборатории” и „венецуелската десница” дека подготвуваат војна за да предизвикаат насилство, коешто би послужило како изговор за странска воена интервенција.
Венецуелската влада побара минатиот петок да се престане со шпекулациите и дезинформациите за здравјето на претседателот Уго Чавез и ги обвини странските медиуми за спроведување кампања против стабилноста на земјата. Посебно потпретседателот Николас Мадуро го обвини шпанскиот весник ABC и колумбиската радио станица Caracol за ширењето лажни информации за здравствената состојба на Чавез, што според него може да доведе до дестабилизација на ситуацијата во Венецуела. Притоа, странските медиуми забележуваат дека венецуелскиот лидер не е прикажан на државната телевизија повеќе од два месеца, од периодот пред тој да замина на лекување Хавана.
Од средината на 2011 година врз Чавез се направени четири операции. Во јуни 2011 година, во главниот град на Куба, венецуелскиот претседател беше подвргнат на операција поради внатрешен апсцес. Тогаш му беше отстранет малигниот тумор на цревата. На крајот од февруари 2012 година Чавез повторно беше опериран. Кон крајот на ноември минатата година, претседателот на Венецуела пак беше хоспитализиран на Куба, каде што беше подложен на физикална терапија и лекување во хипербарична комора за зајакнување на неговата општа здравствена состојба, но истовремено му беше извршена уште една операција.
Макфакс
Здравствената состојба на венецуелскиот претседател Уго Чавез кој боледува од карцином, повтор

loading...