Погачици со сирење

500 г брашно
500 г сирење
250 г путер
1 жолчка
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
1 белка
100 г запечен сусам за наросување
Сите состојки освен белките и сусамот соединете ги, замесете мазно тесто и оставете го во фрижидер два часа. Потоа тестото размесете го на набрашнета работна маса. Со сукалка развлечете кора со дебелина од еден прст и со чаша вадете кругови.
Наредете ги круговите во тава прекриена со хартија за печење. Премачкајте ги со белка и наросете ги со сусам. Печете 20 минути на 200 степени во загреана рерна. Печените погачици прекријте ги со сува крпа и оставете ги 10-15 минути да се изладат.