Поглавјата 8 и 2 денес на агендата на скрининг состаноците во Брисел

На четвртиот ден од објаснувачкиот скрининг за  Кластер 2- Внатрешен пазар, денес во Брисел продолжија презентациите на Европската комисија во однос на  Поглавје 8- Политика на конкуренција и Поглавје 2 – Слободно движење на работници.

Конкурентната политика на Европската Унија има за цел на создавање внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно конкурираат меѓу себе. Законодавството во оваа област ги вклучува следните конкуренцијата, политиките на контрола на државната помош.

Ова поглавје опфаќа правила и процедури за борба против антиконкурентното однесување од страна на комерцијалните компании, избегнување на монополи во пазарот, разгледувањето на спојувања помеѓу компаниите и економските ентитети како и да се спречуваат владите да ги фаворизираат компаниите од нивните земји штетејќи ја фер и лојалната конкуренцијата на внатрешниот пазар на Европската Унија.

Северна Македонија ги почитува обврските од Поглавје 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација преку усогласување и транспонирање во нашето законодавство на сите основни правила на Политиката за конкуренција на Европската Унија.

Комисијата за заштита на конкуренцијата е независно тело кое активно работи на имплементацијата на легислативата во овој област и во многу случаи дејствува создавајќи импресивно портфолио на преземените активности.

Европската комисија го претстави новиот пакет на регулативи и директиви во однос на спојување компании, антимонополски како и на државната помош, кои нашата земја ќе треба да ги усвои и спроведе во текот на преговарачкиот процес со Европската унија.

Поглавјето 2 и законодавството (acquis) на ЕУ, „Слобода на движење на работниците“ предвидува: „Граѓаните на ЕУ од една земја-членка имаат право да работат во друга земја-членка и ова претставува едно од клучните достигнувања и основни слободи гарантирани на внатрешниот пазар на Европската Унија.

Правото на работа, студирање, живеење и пензионирање од една во друга земја членка нуди голем број социјални, културни и економски придобивки.

Северна Македонија континуирано го усогласува националното законодавство и ги подобрува институционалните капацитети за ова поглавје од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Европската Комисија претстави нови регулативи и директиви во врска со Европската управа за труд и координација на системите за социјално осигурување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.