Погледнете како изгледаат денес луѓето на кои со години им се смееме

Сите ние имаме по некоја фотографија од која се срамиме и не сакаме да ја покажеме никому. Е сега, замислете една таква фотографија да ја има насекаде по интернетот и сите да се смеат за истата.
Токму тоа им се случи на овие луѓе, а на некои од нив додека уште беа деца. Нивните лица се познати исто како и оние на познатите ѕвезди, со разликата дека нивните имиња не ни се познати.
Веруваме дека ќе ги препознаете овие лица од интернетот. Од настанокот на нивните вирални фотографии помина доста време, па погледнете како тие изгледаат денес.
Success Kid (Sam Griner)

Ова „меме“ настана уште во 2007 година, кога Laney Griner ја објави фотографијата од својот син кој се обидува да јаде песок. Првата верзија на „мемето“ гласеше „Мразам песочни замоци“, но тоа не и се допадна на мајката бидејќи истото сугерираше дека нејзиниот син е насилник кој и го срушил замокот на некое девојче. Набрзо се појави „Success Kid“ (успешно дете) и тој назив веќе и се допадна. Во секој случај, денес на Сем и не му е баш најпријатно бидејќи неговата фотографија е една од најпопуларните „мемиња“.
Disaster Girl (Zoe Roth)

Фотографијата од едно девојче кое стои покрај куќа која гори е фотографирана од страна на нејзиниот татко во 2014 година, додека траело гасењето на огнот на куќата која била одалечена на два блока од нивниот дом.
„Би сакала да може некако тоа славно „меме“ да ми ја плати школарината за факултет, но уште повеќе би сакала луѓето да ме запознаат каква сум вистински“
Side-Eyeing Chloe (Chloe)

Во 2013 јутјуберот KAftC објави видео “Lily’s Disneyland Surprise… AGAIN” на кое се неговите сестри Лили и Клои. Додека Лили плаче од среќа поради одењето во Дизниленд, Клои е збунета а нејзиниот израз на лицето засекогаш ќе остане во историјата како “Side-Eyeing Chloe”.
Good Luck Charlie (Mia Talerico)

Мемето кое се користи како синоним за „Немам поим“ е всушност сцена од серијата Good Luck Charlie која се имитувала од 2010 до 2014.
Overly Attached Girlfriend (Laina Morris)

Лаина во 2012 објави вебкам снимка на која прави пародија на песната “Boyfriend” на Џастин Бибер, но со свои стихови. Таа вели дека откако таа снимка се прослави, нејзиниот живот не е лесен.
„Тотални странци ме наоѓаа на Фејсбук и зборуваа со мите пријатели. Дознаваа каде работам или се обидуваа да дојдат до моите податоци на факултетот“ – вели таа.

Bad Luck Brian (Kyle Craven)


Фотографијата беше обавена од страна на пријателот на Кајл во 2012 година со натписот: „Положи возачка. Го фатија како вози во алкохолизирана состојба.“ И потоа фотографијата стана вирална.