Погледнете како изгледа луксузната вила во која што ќе живеат Хари и Меган

Loading...

Меган Маркл и принцот Хари се отселија од Велика Британија, а сега објавиле и фотографии од вилата во Малибу во која што парот наводно планира да живее додека се во Калифорнија.
Се шпекулира дека брачниот пар оваа база планира да ја поседува во Калифорнија, а овој имот ќе им пружи можност да доживеат каков би бил животот во таа држава.
Објектот поседува осум спални соби, десет тоалети, отворен базен и простор за скара, домашно кино, студио за танц и уште многу работи.
Домаќин е „Стај Аселф Вилас“. Иако не сакале да потврдат дека Меган и Хари остануваат сепак објасниле:


„Семејствата често ги посетуваат вилите зошто сакаат да ги тестираат пред да го направат својот потег траен“ – објасниле од компанијата.
„Куќата е краткотрајно издадена, а многу од луѓето доаѓаат во Малибу барајќи дом па прво ги изнајмуваат за да видат дали сето тоа би им служело. Куќите во Малибу не се евтини така што нема смисла да се купуваат толку брзо. Хари и Меган кажаа дека планираат малку време да поминат во Британија, малку во Калифорнија“ – вели извор за американските медиуми.

loading...