Погледнете како изгледа највеселата улица во Париз

После Ленс, Питсбург, Бордо, Агеда, и Париз доби своја магична улица насловена како „Небо од чадори“.
Се работи за уметничка инсталација на португалската уметница Патриција Куња, која од 2011 година на овој начин ги разубавува улиците на светските метрополи.


Во Париз ја одбра улицата „Вилиџ Ројал“, која ќе биде во вакво руво до јули годинава. За поставувањето на инсталацијата се употребени 800 чадори.

Која ќе биде следната дестинација, не е познато, но во Агеда постои една таква што е постојано украсена, се менува само бојата на чадорите.


Весело, разиграно и секогаш привлечно и за жителите на градовите и за посетителите од странство. Ние во продолжение: