Погледнете како Џенифер Лопез го украси својот дом

Loading...

Џенифер Лопез и покрај бројните ангажмани се подготвува и за новогодишните и божиќните празници. Латино дивата на Инстаграм покажа како го украсила својот дом.
Бела елка, со бели лампиони, многу светулки и украси меѓу кои доминира белата боја. Фановите беа воодушевени, во домот на Џеј Ло сѐ изгледа како да е прекриено со снежна прекривка, како ледено кралство.


Џенифер со оваа фотографија го честиташе Денот на благодарноста од нејзиниот дом, упатувајќи најубави желби до сите нејзини фанови и пријатели.

loading...