Погодени се магацини за оружје во близина на Миколаев, тврди руската армија

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека на исток бил погодено складиште за оружје во складиште за трактори во близина на Харков, вториот по големина град во Украина, пренесе агенцијата ТАСС.

Информациите од конфликтните зони не можат да бидат независно проверени.

Москва не ги коментираше украинските обвинувања дека Русија фрлила фосфорни бомби на Змискиот остров во Црното Море, ниту пак обвинувањата за таргетирање на станбени згради со касетни бомби.

Силни експлозии го потресоа украинскиот град Миколаев во саботата рано наутро, изјави градоначалникот Олександар Сенкевич, еден ден откако властите соопштија дека најмалку 21 лице загинало кога руски проектили погодиле станбена зграда во близина на пристаништето на Црното Море Одеса.

Киев тврди дека Москва ги засилила своите ракетни напади со долг дострел, погодувајќи цивилни цели далеку од линиите на фронтот. Русија тврди дека цели на воени локации.

Жителите на Серхиивка кај Одеса во саботата продолжија да им помагаат на спасувачките служби во потрагата по преживеани во урнатините на деветкатницата, од која дел беше уништен во нападот во раните утрински часови во петокот. Ударниот бран ги оштетил ѕидовите и прозорците на соседната станбена зграда од 14 ката.

Нападот на Серхиивка се случи непосредно откако Русија ги повлече своите сили од Змискиот остров, стратешки важен остров кој се наоѓа на околу 140 километри југоисточно од Одеса, кој го освои на првиот ден од војната.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.