Погребан Синан Сакиќ, колегите го кажаа последното “збогум“

Loading...

Легендата на фолк музиката Синан Сакиќ, вчера со солзи и болка беше испратен во вечниот дом во својата родна Лозница.
Голем број роднини, пријатели и колеги од естрадата му оддадоа последно збогум. Ковчегот стигнал на гробиштата во 14. часот.
Од него се простија колегите од Јужен Ветер, групата со која ја почна кариерата, Драгана Мирковиќ, Миле Китиќ, Шемса Сулаковиќ, како и Мина Костиќ, Марко Булат, Драган Којиќ Кеба и безброј други.
Џеј пак со солзи вели дека се слушнале пред смртта: Се слушнав со него, мислев дека ќе се извлече, ми делуваше подобро. Таков човек нема да се роди наскоро, вели Џеј.
Сите го испратиле по муслимански обичаи со зборовите „таква душа повеќе не се раѓа“.
– Пееше за сите нас, православни, муслимани, католици…Го славеше и Божиќ и муслиманските празници, имаше големо срце за сите, велат расплаканите колеги.

loading...