Погрешно го местите алармот за будење: Направете го ова и станувањето ќе ви биде лесно

Во денешно време многумина се будат предоцна и врз сето тоа, по неколкупати го одложуваат алармот.
Иако мислите дека на овој начин се доспивате, всушност само повеќе сте мрзоволни и недостатокот на сон ви влијае многу понегативно.
Поради тоа, потребно е да ја промените својата рутина за будење.
Според одредени научни истражувања, треба да наместите еден аларм 90 минути порано и еден во точното време кога треба да станете од кревет.


Овие тврдења се засноваат на фактот дека РЕМ-фазата трае околу 90 минути и ако се разбудиме во тоа време, ќе се чувствуваме уморно и ненаспано.
Поради тоа, првиот аларм би ја прекинал РЕМ-фазата и ќе се разбудите уморни. Тогаш ќе презаспиете и ќе добиете 90 минути, за кога ќе се разбудите да бидете одморени.