Подгответе сочна потпечена карбонара која за миг ќе исчезне од чиниите

Loading...

Шпагетите карбонара секогаш се одличен избор за ручек, но дали некогаш сте испробале верзија на карбонара која се сече и сервира на парчиња?
За припрема на ова јадење ќе ви бидат потребни 25 минути, самото готвење трае околу 40 минути, а ќе го добиете најсочното јадење кое ќе го обожуваат и децата и возрасните.
Се припрема брзо и лесно, а рецептот е во продолжение:
Потребни состојки (за 4 лица):
– 150 гр. шпагети
– 1 лажичка маслиново масло
– 200 гр. сланина, исечкана на коцки
– 2 тиквички исечкани на поголеми парчиња
– 45 гр. смрзнат грашок
– 2 чешниња лук
– 5 јајца
– 65 гр. ситно изрендан пармезан
– 250 гр. рикота сирење
– 30 гр. ситно исечкан магдонос
– 30 гр. ситно исечкан свеж босилек
Начин на припрема:
1. Загрејте ја рерната на 180-200 Целзиусови степени. Земете тава со димензии 20 х 30 центиметри и обложете ја со хартија за печење.
2. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето. Процедете ги и разладете ги под вода, а потоа ставете ги во еден сад.
3. Загрејте маслиново масло во мала тава за пржење, на среден оган. Додајте ја исечканата сланина и со мешање пржете 3-4 минути односно додека не добие златна боја и не стане крцкава.
4. Потоа додајте ги тиквичките, грашокот и лукот. Пржете 1 минута, а потоа додајте ги тестенините во тавата.
5. Во друг сад изматете ги јајцата, а потоа додајте ги сирењата, магдоносот и босилекот и добро промешајте.
6. Шпагетите префрлете ги во тавата за печење и печете 25 до 30 минути.
7. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат околу 10 минути. Послужете ги топли или изладени, со салата како прилог.

loading...