Подгответе ја кожата за пролет

Loading...

Пролетното сонце се повеќе го најавува своето присуство и почетокот на пролетта. Затоа потребно е да го подготвите вашето тело и кожа.
Кожата во текот на зимата често го губи својот сјај и мекост. Испуканите раце,усни и сува кожа се чести појави за зимата. Но, кога таа поминува, време е со неколку третмани да се врати сјајот на кожата.

Не мора тоа да се скапи козметички третмани, во кујната има многи продукти кои можат да бидат корисни и ефектни. Шеќерот на пример е одлична замена за пилинг за лицето,телото и усните.
Пилинг за тело:
Измешајте малку кафеав или бел шеќер со вашиот омилен гел за туширање. Кога ќе ја соедините масата, нежно нанесете ја  и истријте го телото. По пилингот истуширајте се со топла вода.
Шеќерот заради својот груб состав, ги отстранува мртвите клетки од кожата, ги поправа неправилностите и ја прави кожата мека. Со користење на овој домашен пилинг барем еднаш неделно, ќе ја обновите вашата кожа и ќе и го вратите сјајот, па ќе бидете подготвени за маиците со кратки ракави.
Нега на усните:
 Со проблемот околу испуканите усни во текот на студените зимски денови , се среќават речиси сите. За да го надминете тоа, ставете на усните шеќер, а пота нанесете некое средство за интензивна нега на усните. После неколку минути отстранете го шеќерот и ставете балзам на усните.  Пролетното сонце се повеќе го најавува своето присуство и почетокот на пролетта. Затоа потребно е да го подготвите ваш

loading...