Подобрете го имунитетот по природен пат со помош на овој пијалак

Loading...

За подготовка на овој напиток се потребни четири состојки кои имаат антимикробно дејство и содржат висок процент на витамини, минерали и други хранливи состојки потребни за да се заштитите од вируси.
Освен тоа, консумирањето на овој пијалак може да помогне во регулацијата на нивото на шеќер во крвта и холестеролот, а го крева и нивото на енергија во организмот.
Потребни состојки:
-2 до 3 кесички чај од камилица
-30 мл јаболков оцет
-30 мл свежо исцеден лимон
-1 лажичка мед
-1 л вода
Начин на подготовка:
Кесичките чај од камилица прелијте ги со врела вода и оставете да отстојат 5 до 10 минути. Исцедете го чајот, па додадете јаболков оцет, лимонов сок и мед. Измешајте убаво и оставете да се олади.
По желба може да додадете и свежо изрендан ѓумбир.
Предупредување:
Овој пијалак не се препорачува за оние кои страдаат од гастритис или имаат чувствителен желудник.

loading...
Loading...