Албанската фудбалска федерација речиси го оправда срамното пцуење на Даку кон Србите и Македонците

Фудбалската федерација на Албанија се огласи за скандалозното однесување на репрезентативецот на оваа земја, Мирлинд Даку

УЕФА отвори постапка за однесувањето на Даку по натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија и сега се чека санкцијата која би ја добил од Европската куќа на фудбалот.

„Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот фудбалер Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека во жарот на спортските натпреварувања емоциите растат, постапките на Мирлинд беа жална реакција на една исклучително напната ситуација. Мирлинд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување.

Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер или вредностите до кои ние како федерација се придржуваме“, објавија од албанската федерација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.