Под истрага шест лица за Трговија со луѓе

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе од член 418-а, а останатите двајца се товарат дека го сториле истото кривично дело.

мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација

Со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе

Имено, во временскиот период од месец декември 2021 година до месец април 2022 година, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други НН лица, за што на осомничените мајка и сестра на жртвата им давале надомест во пари или друга корист.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.

Надлежниот обвинител ценејќи дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сѐ уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување на докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба. Воедно, постои основано сомневање доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото. Поради сите овие околности, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.