Под стрес сте? Ова е вистинскиот напиток за вас

Loading...

На физички план, стресот претставува физиолошки процес со кој нашето тело одговара на закана или опасност. Кога нашиот мозок ќе процени некои онапиколности како загрозувачки, сите свои капацитети ги крева на максимум со зголемување на будноста и вниманието.
Реагирањето на стресна ситуација се одвива на физички и психички план. Стресот всушност има улога да не заштити и да не одржи во живот. Нашиот нервен систем на стрес реагира со реакцијата “бори се или бегај”, односно со зголемување на лачењето на адреналин и подготовка на целото тело за акација, борба и совладување на настанатите опасности или препреки.
Проблемот настанува од причина што нашиот нервен систем во стресни околности секогаш реагира како да станува збор за живот или смрт, и на прв поглед не ја разликува емоционалната од реалната загрозеност. Така, на пример, кога имаме конфликт со некој на работа, во семејството или кога имаме финансиски проблеми, на физиолошки план нашиот организам реагира како да е непосредно загрозен.


Сосема е јасно дека зачестените реакции од овој тип ја слабеат нашата целосна психофизичка сила, и порано или подоцна доведува до нејсин крах, предизвикувајќи психички пречки, анскиозност, психоматски заболувања и слично.
Од гледиште на емоциите стресот најчесто се манифестира низ присуство на негативни чувства. Присуството на интензивни негативни емоции е круцијално за реагирање на стрес. Покрај стресот, кај лицата најпрво се јавуваат негативни емоции, а потоа следат и останатите симптоми.
Постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме или отстраниме штетните последици од секојдневниот стрес и тоа може да биде психотерапија, спортување или некое хоби, како и бројни анти-стрес методи, техники и здрави намирници.


Рецептот од топла вода во комбинација со лимон и ѓумбир е одличен начин да го поттикнете варењето. Ѓумбирот е богат со антиоксиданси кои помагаат во отстранувањето на штетните материи кои ги произведува нашето тело кога сме загрижени, па ѓумбирот помага и при намалување на психолошкиот стрес.
Подготовка на напитокот: Коренот од ѓумбир измијте го и илупете го. Потоа изрендан ставете го во половина литар вода што врие оставете го отстои 15 минути. На крајот додадете парче лимон.

loading...