Пожари беснеат на Крф и Закинтос

Големиот пожар кој вчера избувна во јужниот дел на Крф по неколку часа беше ставен под контрола. Сепак на терен останаа голем број пожарникари поради опасност од повторно разгорување на пожарот, што беше гаснет со авиони. Според регионалниот шеф на противпожарната бригада, огнот се заканува во областа Натура. Во меѓувреме попладнето голем пожар избувна на островот Закинтос. Пожарот избувнал во шумско подрачје меѓу селата Килиоменос и Агалас, во областа на Закинтос, оштетен од големите пожари во последните години.

 

Loading...