Пожар и во близина на Пробиштип

Во околината на општина Пробиштип гори сува треба и ниско стеблеста шума. Градоначалникот на општината, Драган Анастасов изјави дека станува збор за поголема површина и дека во моментов не може точно да се каже колкав простор е зафатен.
Анастасов информира дека пожарот се движи кон селата во општина Свети Николе и дека за негово гаснење се ангажирани 23 пожарникари и членови на резервниот состав на противпожарната единица во Пробиштип. Во гаснење на пожарот се приклучуваат и пожарникари од Свети Николе.
Тој, исто така вели дека за пожарот известена е Дирекцијата за заштита и спасување и дека од нив се бара да се вклучат и ЕР тракторите, со цел огнот да не се доближи до првите куќи на селата.

Loading...