Пожар кај прилепско Селце

Голем пожар избувна кај манастирот “Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце. Пожарот се прошири накај блиската борова шума и за сега нема опасност за манастирот.
Единицата на прилепската Противпожарна единица е во манастирот на терен, а поради страв пожарот да не го зафати манастирот покрај пожарникарите се ангажирани и вработени во јавните претпријатија.
За гаснење на пожарот се очекува и интервенција на авиони канадери.

Loading...