Поздрав до фотографката, на митинг бев со приватно возило, тврди Дескоска

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека на централниот митинг била со службено возило министерката за правда Рената Дескоска напиша на Фејсбук дека секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати.
– Со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој „ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност.  Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката.