Позната блогерка открива зошто е важно да ја менувате течната пудра на секои два месеци

Нашиот целокупен организам, при честа консумација на исти производи, може да се навикне на нив и да создаде имунитет.
Ништо поинаку не е ниту со бјути производите кои ги користиме. Познатата блогерка Камила Коељо, чиј Инстаграм профил брои преку седум милиони следачи, во интервју за магазинот „Elle“, ги открила своите мали бјути тајни, а меѓу нив дала одговор и на прашањето зошто не користи иста течна пудра подолго од два месеци.


„Важно е често да ја менувате течната пудра. И тоа не само неа, туку и производите за нега на кожата, косата и сè на што вашиот организам може да се навикне. Кога правите промена, ја изненадувате вашата коа со производ со кој не е запознаена и го добивате посакуваниот ефект, кој производот го ветува“, рекла Камила.
Тоа што го истакнала е фактот дека секогаш можете да се вратите на вашиот омилен производ, откако ќе помине период од два месеци, бидејќи дотогаш кожата ќе „заборави“ дека сте го користеле.