Познати детали и за денот на несреќата: Документарецот за Шумахер откри осум нови работи за легендарниот возач

Loading...

Документарецот за седумкратниот светски шампион во Формула 1 и еден од најголемите спортисти во историјата, Михаел Шумахер конечно излезе на „Нетфликс“.
Во филмот се зборува за животот на познатиот Германец пред несреќата на скијањето во 2013-та година, но и на самиот ден кој засекогаш му го промени животот.
Покрај деталите од приватниот живот на Шумахер, сите дознавме што се случувало точно на ужасниот ден и како една одлука на Михаел го донела до морничавата повреда која остави трајни последици на неговото здравје.
Исто така, објавени се и детали од животот на легендарниот Германец од последните осум години колку што се лекува од последиците од повредата на главата.
СПОРТ 1 ги пренесува осумте работи кои ни ги открива документарецот:
1. Сакал да фрла луѓе во базен за врема на забави
Шумахер во јавноста важеше за сериозен човек, кој е посветен на фантастичната кариера. Меѓутоа, во приватниот живот тој бил целосно различен. Михаел уживал во забавите, а според зборовите на неговата сопруга Корина, тој често знаел да фрла луѓе во базен.
2. Почнал со истрошени картинг гуми
Семејството на Шумахер не било богато. Татко му Ролф водел мал ресторан, а веднаш покрај него била картинг патеката, каде што легендарниот возач почнал да вози. Тој собирал исфрлени и истрошени гуми кои ги монтирал на својот картинг. Пред да влезе во светот на Ф1, Шумахер живеел со 250 евра месечно.
3. Ферари се прашувал дали е вистински човек за нив
Жан Тод правел тим од соништата, кој му ги донесе титулите од 2000 до 2004 година, а на почетокот мислел дека Шумахер им е најслаба алка во тимот. Тод сметал дека згрешил со Германецот и сакал да го ангажира Мика Хакинен.
„Признавам, во еден момент мислев дека Шумахер не е вистински човек за нас“, откри Тод.
4. Како станал мајстор за возење по дожд
Познато е дека Шумахер возеше неверојатно по дожд, а филмот открива како Германецот го усовршил тоа. Според неговиот брат Ралф, тие двајца секогаш возеле картинг без специјални гуми, односно возеле со гуми за суво време.
5. Шумахер бил опседнат со несреќата на Ајртон Сена
Сена беше голем идол на Шумахер. Шефот на Ф1, Флавио Бријаторе откри дека Германецот имал постер од неговиот омилен возач на ѕидот. Кога на една прес-конференција во 2000 година го прашале за Сена, тој почнал да плаче.
Шумахер во едно интервју е прикажан во документарецот и откри дека по несреќата на Сена, тој страдал од несоница, па спиел само по три часа дневно.
6. Бил срамежлив, па постојано се сомневал во своите одлуки
Иако важеше за голем шампион во својот спорт, Шумахер во приватниот живот бил срамежлива личност, која постојано се сомневала во себе. Кога во сезоната 1997 година доживеал голем неуспех и дисквалификација, заминал на тринеделно скијање во Норвешка и таму делувал опуштено. Тоа бил негов начин да се соочи со поразите. Меѓутоа, кога се враќал на тренинзи, тогаш се враќал и сомнежот во неговите способности.
7. Што се случувало на денот на несреќата – ОВА Е НАЈВАЖНАТА
Можеби и најважниот детал кој се открива е тоа што се случувало на денот на несреќата, односно 29 декември 2019 година.
Познато е дека Шумахер бил адреналински зависник и дека сакал екстремни спортови, а тој ден на сопругата ѝ кажал дека снегот не бил идеален за скијање.
„Снегот не е идеален за скијање, можеби требаше да одиме во Дубаи“, ѝ кажал возачот.
8. Како живее Шумахер по 29 февруари 2013 година
Филмот открива серија детали поврзани со животот на Шумахер по несреќата, иако некои од нив веќе се соопштени во текот на претходните осум години.
„Ние сме заедно, живееме заедно, се бориме за негова рехабилитација и му даваме терапии. Тој е тука, но на некој поинаков начин. Ни недостига на сите, но се трудиме како семејство во секој момент да бидеме заедно“, вели Корина.
Неговиот син Мик зборуваше за посебната врска со татко му.
„Секогаш бевме блиски, зборуваме ист јазик, јазик на мотоспортот. Татко ми и јас се разбираме многу добро, но сега на еден поинаков начин“, вели Мик.

loading...
Loading...